Forbes ги објави петте најбогати во Македонија според акциите на берзата

Bez autora
May 30 2013

Специјализираното американско списание Forbes деновиве ја објави листата на најбогатите луѓе на Балканот според вредноста на акциите кои ги поседуваа, на која се најдоа имињата на петмина бизнисмени од Македонија. Според оваа листа, најбогатиот бизнисмен во Македонија е Минчо Јорданов, сопственикот на „Макстил”, „Бетон”, „Факом” и на неколку други фирми. По него на листата се Штерјо Наков, сопственик на „Фершпед”, Андреја Јосифовски, претседател на Управниот одбор на „Макпетрол”, Свето Јаневски, првиот човек на „М6″, и Живко Мукаетов, директор на најголемата фармацевтска компанија „Алкалоид”.

Forbes ги објави петте најбогати во Македонија според акциите на берзатаСпецијализираното американско списание Forbes деновиве ја објави листата на најбогатите луѓе на Балканот според вредноста на акциите кои ги поседуваа, на која се најдоа имињата на петмина бизнисмени од Македонија.

Според оваа листа, најбогатиот бизнисмен во Македонија е Минчо Јорданов, сопственикот на „Макстил”, „Бетон”, „Факом” и на неколку други фирми.

По него на листата се Штерјо Наков, сопственик на „Фершпед”, Андреја Јосифовски, претседател на Управниот одбор на „Макпетрол”, Свето Јаневски, првиот човек на „М6″, и Живко Мукаетов, директор на најголемата фармацевтска компанија „Алкалоид”.

Сопственикот на хрватскиот концерн „Агрокор“, Ивица Тодориќ е најбогатиот бизнисмен на Балканот, според процените на магазинот, кој во составувањето на своите листи ги анализира вредноста на акциите што котираат на Берза.

На второ место на регионалната листа се најде Словенецот Санди Чешко, кој имотот го стекна преку продажба на душекот Дормео и Топ шоп продажбата. Трет на листата е Миодраг Костиќ, сопственикот на „МК Групацијата’, која е една од најуспешните во Србија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik